Власта направи големи грешка во справувањето со економската криза иако може да се правдаат дека не можеле да знаат дека ќе дојде до вакви пореметувања и поскапувања на сите производи и енергенсите, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини за „Република“.

-Треба да се запрашаме дали овој буџет што го имаме сега е скроен да има поддршка за најпогодените слоеви на населението. Не, тој е скроен по секоја цена за да се одржи власта-смета Хајредини.