Охридска Банка Сосиете Женерал во соработка со Солвео го организира првиот OBSG BUZZ Хакатон и отвара повик до сите млади дизајнери, девелопери и други мотивирани поединци, кои се спремни да се вклучат во креирање на мобилната банка од иднината.
Целта на овој 54-часовен OBSG BUZZ – предизвик кој ќе се одржи од 30 ноември до 2 декември е да се пронајдат и креираат нови начини на интеракција на Банката со корисниците. Односно, 50 млади и талентирани умови во тимови ќе имаат можност да работат на креирање иновативно, но истовремено и апликативно решение со кое ќе ја креираат мобилната банка на иднината, а истовремено ќе се борат за награда од 1.500 евра во денарска противвредност.
За време на OBSG BUZZ хакатонот, учесниците ќе треба да креираат предлог – решенија за концептот на мобилното банкарство во иднина, кое ќе се осврне на аспектите кои треба да се подобрат, иновациите кои се потребни за подобро функционирање на мобилната банка и функционалности кои ќе одговараат на модерниот начин на живот.
На крајот на настанот секој тим ќе го презентира своето идеално решение пред комисија која ќе го прогласи победникот на OBSG BUZZ Хакатонот.
На OBSG BUZZ Хакатон можат да се пријават сите кои сметаат дека можат да одговорат на овој предизвик, сакаат да креираат нови решенија, имаат искуство во дизајн, маркетинг, програмирање, бизнис, финансии, сакаат да запознаат нови контакти и се тимски играчи. Пријавите за учество може да бидат индивидуални или заедно со уште еден партнер.