Хакери ширум светот украле милијарди долари во криптовалути минатата година, но оваа сума е помала отколку во 2022 година, според компаниите специјализирани за сајбер безбедност Хакери украле милијарди долари во криптовалути во 2023 година.
Компанијата „Де.Фи“ верува дека хакерите присвоиле две милијарди долари во криптовалути во 2023 година, што, според нејзиниот извештај, „ги истакнува тековните пропусти и предизвици во екосистемот ДеФи“, пренесува TeхКранч.
Овој резултат е подобар од 2022 година, годината кога според податоците на компанијата „Чајна аналисис“, хакерите украле рекордни 3,8 милијарди долари криптовалути, објави Танјуг.