По внатрешната ревизија на ФИТР, иницирана од актуелниот директор Никола Додев, се тврди дека во послените 5 години сумата од 3,2 милиони евра е долг на 60 компании кои не ги подмириле нивните обврски кон државата. Наместо да се искористат фондови за реализација на проекти, Додов рече дека тие реализирале фантом протекти, без конкретни резултати, кои резултирале со неуспешни проекти. Упати обвинувања кон претходните раководители на институцијата, додавајќи дека биле фаворизирани блиски лица на политички функционери и се фаворизирани два града, без да истакне кои се тие компании, градови или лица.

Претходниот директор на ФИТР, Фестим Халили, кој две години го водеше Фондот вели дека проектите ги следи и одобрува меѓународна комисија составена од петмина експерти, на транспарентен и јавен начин.

– Конечната селекција ја прави комисијата за одобрување инвестиции, која ја сочинуваат петмина светски експерти. Можам да кажам со целосно убедување бидејќи целиот овој процес помина низ транспарентни фази, каде што јас како директор и ниту еден од вработените во ФИТР не учествуваа во изборот на компании кои ќе бидат добитници. Немам ни законско право да бидам вклучен во процесот на избор на компанија – рече Халили.

Исто така, како што информира Додов, ревизијата досега утврдила дека 50 приватни здравствени установи ги искористиле средствата на Фондот за набавка на медицинска опрема за време на кризата со Ковид-19, што е во спротивност со Законот за трговски друштва. И ова го демантира поранешниот директор Халили, кој вели дека јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст е посветен на приватните здравствени претпријатија и институции, за да им се помогне да се модернизираат, особено за време на пандемијата со Ковид-19.