Халкбанк АД Скопје во целост го уплати данокот на добивка.

Како многупати досега Банката ги истакна основните вредности и покажа гест на солидарност, и авансно во целост го уплати данокот на добивка во висина од 71.8 милиони денари со цел да се даде придонес во зголемување на ликвидноста на буџетот на државата во време на криза, што е за голем поздрав.

Оваа информација  на својот Фејсбук профил ја објави Министерката за финансии, Нина Ангеловска.