Драги клиенти,

Со цел да ви овозможиме поголема достапност и поефикасна услуга, од 14.10.2019 година започна со работа нашата нова Експозитура Ретаил Поинт Парк.

Во новата експозитура ќе Ви бидат достапни производи и услуги на ХАЛКБАНК А.Д Скопје (штедни влогови, платен промет во земјата и странство, електронско банкарство, кредитирање на физички лица, брз трансфер на пари преку Western Union, издавање Visa и MasterCard платежни картички), ќе се презентираат сите новини кои Банката постојано ги воведува на пазарот, и пред сè, ќе се градат блиски и квалитетни релации со сите постоечки и нови клиенти.

Новата Ескпозитура се наоѓа во Трговскиот центар Ретаил Поинт Парк во Чаир, на адреса ул. Македонско Косовска Бригада бр.64, Скопје. Експозитурата Ретаил Поинт Парк ќе работи во состав на 2 благајници, 1 Соработник за работа со клиенти за население и 1 Самостоен референт за операции.

Работно време: Понеделник-Недела од 10:00 до 22:00 часот.

Со почит,
Халкбанк А.Д Скопје