Врз основа на решението на Комисијата за хартии од вредност одобрена е XIV-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда, соопшти Халк Банка преку Македонската берза.
„Халк Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина од средставата на Банката со издавање на 93.312 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 933.120.000 денари. Вкупниот капитал на Банката по извршената XIV-та емисија на акции изнесува 5.181.300.000 денари, а вкупниот број на акции е 518.130 обични акции со номинална вредност 10.000 денари по акција“, соопшти банката.