Лани „Халк банка“ влезе во големата банкарска четворка откако имаше убедливо највисоки стапки на раст на средствата, на кредитните пласмани и на депозити
Исто така лани „Халк банка“ обезбеди најголем процентуален раст на средствата, најголем раст на кредити и најголем раст на депозитите (вкупно на компании и на домаќинства).
Банката лани остварила раст на средствата за 104 милиони евра односно за 17,9 отсто во споредба со 2016 година што претставува најголем процентуален раст во таа категорија во конкуренција на сите други банки. Во оваа категорија банката лани била пласирана на четврто место, а нејзиното пазарно учество пораснало за 1,1 отсто и достигнало лани 9,1 отсто од целиот банкарски пазар. Средствата на банката на крај на 2017 година изнесуваат 687 милиони евра.
Кредитните пласмани лани достигнале 463 милиониевра и пораснале за 73 милиони евра во однос на 2016 година што значи пораст од 18,7 отсто што е процентуално најголем раст во категоријата во конкуренција на другите банки. И во оваа конкуренција „Халк банка“ е на 4 место во класификација на сите банки, а нејзиното пазарно учество е 9,6 отсто од целиот кредитен пласман на банкарскиот систем. Пооделно гледано, кај корпоративните заеми растот е 41 милион евра или 19 ,6 отсто со што нејзиното пазарно учество е зголемено за 1,4 отсто до 9,9 отсто. Кај граѓанското кредитирање учеството на „Халк банка“ пораснало за 0,6 отсто до 9,1 отсто од сите кредитни пласмани во земјава од таа категорија. На ниво на банка растот на кредитирањето на граѓанскиот сектор е 17,9 отсто во однос на 2016 година, а нивото на пласмани до крајот на 2017 година е 206 милиони евра.