Халкбанк АД Скопје  е добитник на наградата “STP Excellence Award “ за 2017 од Commerzbank   како признание за квалитет и брзина во процесирање на меѓународните плаќања.

 

 

Оваа награда е особено значајна и ја потврдува одличната соработка на Халкбанк АД Скопје   со Commerzbank  како и  квалитетот и брзината на Банката во делот на процесирање на комерцијалните плаќања и трансферите на  финанските институции  .

Халкбанк постојано работи во насока на зголемување на задоволството на клиентите , континуирано унапредувајќи ги своите услуги со цел заштеда на време и трошоци, а истовремено обезбедувајќи квалитетна и високо ефикасна услуга.

Во таа насока Банката продожува да работи на постојано усовршување на своите активности во делот на меѓународните плаќања , како и во сите останати делови на своето работење.