Халкбанк стартува со новата акција под мотото “Секој ден, со Халкбанк Роденден” со која им нуди одлична можност на своите корисници на кредитни картички да добијат подарок.
Очекувајте вистинско роденденско изненадување за секоја трансакција со вашата Виза и Мастер кредитна картичка направена на Халкбанк мрежата во периодот од 15.12.2014 до 15.02.2015.
Се што треба да направите е да ги побарате цифрите од денот и месецот на вашиот роденден во кодот на одобрување на слипот од извршената трансакција.
Доколку вашите цифри се содржани во бројот на кодот на одобрување на слипот без разлика на редоследот вие сте добитник на подарок од Халкбанк.Испратете го слипот од трансакцијата на Facebook страната на Халкбанк или приложете го во најблиската Халкбанк филијала и очекувајте го вашиот роденденски подарок преку пошта.