Халкбанка Банка АД Скопје ги известува клиентите дека ќе изврши корекција на каматните стапки на активните депозити за физички лица со променлива каматна стапка и тоа сите денарски депозити со каматна стапка над 2,80% и девизните депозити во евра со каматна стапка над 1,40%.
Корегираната каматна стапка ќе изнесува 2,80% за денарските депозити и 1,40% за девизните депозити. Оваа каматна стапка ќе почне да се пресметува од 1 април.
Клиентите подетални информации можат да добијат во матичната филијала на банката.