Од 16 до 31 март на физичките лица, клиенти на Халкбанк, нема да им се наплаќа провизии преку и-бенкинг (e-banking) и моби-бенкинг (moby banking) за сите плаќања во денари.

Овој чекор Халкбанк го презема за да се избегне физичката посета на банките како мерка на претпазливост и грижа на здравјето. Преку користење на онлајн услугите на Халкбанк наместо класичното одење на шалтер, се заштитуваат и корисниците на банкарски услуги и вработените на шалтерите.

Банкарските услуги на Халкбанк како и сите останати за кои постои можност правете ги онлајн и безконтактно со дигитални системи за банкарство, апелира банката.