Халкбанк АД Скопје ги повикува своите почитувани клиенти пензионери, користењето на пензијата за месец март да ја извршат преку користење на платежните картички за пазарење и користење на мрежата на банкомати во случај на потреба за готовина како и преку платежните опции на електронското и мобилното банкарство.  На сите пензионери кои користат картичка, парите ќе им бидат на сметка на 29.03 (понеделник) и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со Вашите платежни картички, преку електронското банкарство или за подигање преку АТМ-ите без провизии.

За пензионерите кои не користат картичка, препорачаната готовинската исплата на пензиите на шалтерите на Банката ќе се одвива во четири групи, според висината на пензијата, и тоа:

  • До 11.000 денари                   29.03.2021 г. (понеделник)
  • 11.001-14.000 денари            30.03.2021 г. (вторник)
  • 14.001-18.000 денари            31.03.2021 г. (среда)
  • Над 18.001 денари                 01.04.2021 г. (четврток)

На шалтерите на Банката ќе бидат подготвени апликации и инструкции од вработените за добивање и користење на бесплатните дебитни картички за приматели на пензии и уникатната можност за користење на сите банкомати од било која банка во државата без провизија за подигнување на готовина.

Работењето на филијалите од аспект на бројот на вработени и бројот на шалтери кои ќе работат, ќе бидат прилагодени во најголема можна мера на потребите, ќе бидат ангажирани лица за одржување на редот, се’ во насока за зачувување на здравјето и безбедноста и на вработените и на клиентите на Халкбанк АД Скопје, известуваат од банката.

Сите филијали на Халкбанк АД Скопје ќе бидат во функција за извршување на Вашите потреби во периодот од 08:30 до 16:30 часот, стои во известувањето.