Халкбанк АД Скопје ги известува клиентите дека ќе изврши корекција на каматните стапки на активните депозити за физички лица со променлива каматна стапка и тоа сите денарски депозити со каматна стапка над 2,80% и девизните депозити во евра со каматна стапка над 1,40%.

 

 

Корегираната каматна стапка ќе изнесува 2,80% за денарските депозити и 1,40% за девизните депозити во евра и ќе започне да се пресметува од 01.04.2018 година.

 

За подетални информации можете да се обратите во матичната филијала или на контакт телефон 02/ 3240-800.