HalkBank и оваа година, во рамки на месецот Рамазан, традиционално организираше Ифтар за голем дел од своите партнери.

Оваа година на настанот присуствуваа претседателот Стево Пендаровски, амбасадорката на Турција во Скопје – г-ѓа Тулин Еркал Кара, поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема Сулејман Реџепи, генералниот директор на Халкбанк од Турција – г-дин Осман Арслан, голем број ценети претставници на бизнис заедницата како и на државните институции.

Ифтарската вечера беше организирана во хотелот Double Tree by Hilton во Скопје.