Сè повеќе инциденти има во супермаркетите во Германија, пренесува германскиот весник „Билд“. Се наведува дека во областа Асперг кај Штутгарт, еден инцидент морал да заврши со интервенција на полицијата.
-Дошло дури и до смртни закани, пишува „Билд“.
Кавгата за масло за јадење ескалирала во супермаркет во близина на Штутгарт. Според германската полиција, група од пет лица во продавница во Асперг сакале да купат повеќе шишиња масло отколку што дозволувал сопственикот.
Поради големата побарувачка за масло за јадење, многу продавници моментално ја ограничуваат продажбата на масло за јадење по клиент. Меѓутоа, бидејќи биле спречени да ја купат количината што ја сакале, двајцата муштерии прво викале по 43-годишниот сопственик и касиер, а потоа на излегување од продавниоцата и вербално се заканиле со насилство.