Главниот извршен директор и Претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје, г-н Хари Костов се стекна со 500 обични акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, известува Банката преку објава на Македонска берза.
На последниот ден на тргување, вложените триесетина илјади евра на Хари Костов во преземањето на петтстоте акции на Комерцијална банка дадоа и одреден резултат.
Вчера, акцијата на комерцијална банка АД Скопје достигна вредност од 3.818 денари, а беше истргувана вкупна количина од 3.265 акции. Вкупниот промет на Македонска берза. понеделнички со акциите на Комерцијална банка АД Скопје изнесува 12,4 милиони денари или нешто над 200 илјади евра.
Со тоа Комерцијална банка го достигна речиси нивото на највисоко поставена цена во последната година од 3.928 денари и направи скок на мининалната цена од 3.799 денари со која го започна вчерашниот ден.