Сè уште треба да се добијат некои регулаторни одобренија
Американската компанија за играчки „Hasbro“ постигна договор за стекнување на студиото, кое е сопственик на популарната детска анимација „Пепа Пиг“, пренесува Си-Ен-Ен.
Хасбро во четвртокот објави дека постигнале договор за купување на еOne за 4 милијарди американски долари. Лондонската компанија за забава е исто така сопственик на анимираната серија PJ Masks и Ricky Zoom.
Договорот ќе ги комбинира овие титули со популарната серија Хасбро, вклучувајќи ги My Little Pony, Transformers, Play-Doh, Monopoly и Power Rangers.
„Хасбро ќе ги искористи огромните можности на eOne да создаде портфолио на брендови кои им се допаѓаат на гејмерите, навивачите и семејствата пред екраните низ целиот свет“, рече Брајан Голднер, извршен директор на компанијата, во соопштението.
Договорот, кој допрва треба да добие одредено регулаторно одобрение, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа година. Еден од директорите ќе се приклучи на тимот на Хасбро, соопштија двете компании, без да наведат конкретни имиња.
Акциите на eOne се зголеми за повеќе од 35% во петокот, надминувајќи ја цената што Хасбро се согласи да ја плати. Ова предизвика гласини дека еОne може да добие конкурентна понуда.
Хасбро се обидува да се опорави од затворањето на ланецот на продавници „Toys “R” Us”, кој беше нејзин голем партнер, правејќи нови зделки.
Меѓу нив е и партнерство со Netflix, кое во јуни објави дека ќе создаде анимирана серија заснована на играта со карти на Хасбро „Magic: The Gathering“.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк