Компанијата Vega IT работи веќе десет години на обезбедување услуги за развој на софтвер за пазарите во Холандија, Белгија, Швајцарија, Германија и Обединетото Кралство, Vega IT го престави својот прв производ наречен Heartcount на глобалниот пазар.
Оваа апликација, која е алатка за мерење на среќата на работа, се појави како мешавина на културата на компанијата и долгогодишно искуство во креирање на успешни софтверски решенија.
“Ние веруваме дека за нас, но и за земјата во која живееме, многу е важно што заедно со развојот на компаниите кои нудат услуги, работиме и на развојот на компании кои продаваат сопствени производи”, објаснува еден од основачите на Вега ИТ, Саша Поповиќ.
Оваа компанија беше дел од експериментот за мерење на задоволство во работата на данскиот експерт Александар Керлуф, кој во изминатите 20 години работеше на подобрување на организациските култури на компаниите ширум светот. По успешното истражување, се роди и идејата за автоматизирање на мерењето на среќата на работа и денес за поставување на данско-српскиот производ на светскиот пазар.
Производот е наменет за сите компании кои сакаат да знаат како нивните вработени се чувствуваат на работа, кои сакаат да го намалат бројот на вработени што ја напуштаат компанијата и кои се грижат за подобрување на нивното задоволство и среќа на работа.
Vega IT е првата и единствена српска компанија која е сертифицирана и котира на листата “WorldBlu Freedom-Centered Culture 2019”. WorldBlu се занимава со истражување на организации со најдобра корпоративна култура во светот, се вели во изјавата на компанијата.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк