Холандската компанија за испорака Takeaway.com е во преговори да го преземе ривалот Just Eat.

Целокупниот договор ќе создаде компанија со комбинирана вредност од околу 9,8 милијарди евра и 40 милиони корисници во 20 земји и ќе ја зголеми конкуренцијата наспроти Uber Eats и Deliveroo. Испораката на храна е една од најбрзорастечките индустрии во европскиот технолошки сектор, забележува Блумберг. Во декември, Takeaway.com заврши со аквизиција и превземање од 930 милиони евра на германскиот бизнис за Delivery Hero, додека во мај, Amazon направи голема инвестиција во Deliveroo.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк