Хрватската Влада поднесе предлог за измени на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кои меѓу другото се пропишува намалување на прагот за известување на надлежната управа за готовински трансакции од 200.000 куни до 10.000 евра.

Министерот за финансии Марко Приморац рече дека законските измени се прават од две клучни причини – првата е исполнување на мерките од Акцискиот план за зајакнување на ефективноста на хрватскиот систем за спречување перење пари и финансирање тероризам, а втората е воведувањето еврото како официјална валута во Хрватска.

Со измените се предвидува намалување на прагот за известување на Управата за спречување перење пари за готовински трансакции од 200.000 куни на 10.000 евра, како и намалување на прагот за спроведување длабинска анализа на повремени трансакции кои не се извршени, објави Пословни хр.