Хрватска има највисока стапка на инфлација во еврозоната – ова е факт што може да загрижи неинформиран набљудувач. Но, премиерот Андреј Пленковиќ вели – се е очекувано, нема никакви проблеми
– Стагнира, 4,1 отсто, така што сето ова е во рамките на она што го очекуваме годинава, имаме тренд на намалување на инфлацијата повеќе од 15 месеци по ред – рече Пленковиќ.
Поскапувањето на енергенсите обично повлекува поскапување на сите други цени, а во време кога владата ги покачи платите и ја зголеми куповната моќ на голем дел од населението, ни се заканува спирала на инфлација.
– Многу наскоро ни доаѓа Велигден, доаѓа почетокот на туристичката сезона. Сигурно ќе има одредени инфлациски притисоци, како и раст на платите. Владата во февруари гласаше за зголемување на коефициентите, што ќе се одрази и со благото зголемување на инфлацијата. Има и големи суши, како во Европа, така и во Централна и Јужна Америка – објаснува економскиот аналитичар Петар Вушковиќ.