Во првиот квартал Хрватска повторно забележа највисок раст на цените на станбените недвижности во ЕУ од годишно ниво, објави Евростат.
Цените на становите во Хрватска се зголемени за 14,0 отсто на годишно ниво, потоа Литванија – 13,1 отсто и Бугарија – 9,5 отсто, пренесува Индекс.хр.
Цените на становите паднаа во првиот квартал само во шест земји од ЕУ, најмногу во Шведска – за 6,9 отсто, Германија – 6,8 отсто и Данска – 6,2 отсто.
Во првиот квартал од 2023 година, цените на недвижностите во еврозоната се зголемени за 0,4 отсто во однос на истиот квартал лани, а во ЕУ за 0,8 отсто.
Хрватска во последниот квартал од минатата година беше рекордер по годишен раст на цените на недвижностите во ЕУ и тие се зголемија за 17,3 отсто.
На квартална основа, цените на недвижностите во еврозоната во првиот квартал од 2023 година паднаа за 0,9 отсто, а во ЕУ за 0,7 отсто, а цените на становите најмногу пораснаа во Данска – за 2,5 отсто и во Унгарија – за 2,2 проценти.
Цените на недвижностите најмногу квартално паднаа во Луксембург – за 4,1 отсто, Германија – 3,1 отсто и Финска – 1,8 отсто.