На годинешниот Black Friday, хрватските трговци оствариле промет од 76,7 милиони евра, односно за 17,2 проценти повеќе од минатата година, се наведува во извештајот на Даночната управа.
Според податоците, на минатогодишниот Black Friday, биле фискализирани 3,96 милиони сметки со вкупна вредност од 65,4 милиони евра.
Black Friday е ден кој го означува почетокот на претпразничните купувања ,а карактеристично за овој ден се намалувањата на цените во продавниците кои често траат и подолго од еден ден.
Минатата седмица, податоците на Даночната управа покажале дека на годишно ниво дошло до пораст на висината на просечната сметка за 18,2 отсто. Всушност, од 20 до 26 ноември годинава биле издадени 22,93 милиони сметки, чија вредност достигнала 393,5 милиони евра, додека во периодот од 21 до 27 ноември минатата година, биле издадени 22,88 милиони сметки во вкупна вредност од 333 милиони евра.
Во извештајот на кој е изработен по нарачка на „Хина“, се наведува дека во неделата за Black Friday, во споредба со неделата пред неа, во малопродажбата, со исклучок на моторните возила и мотоциклите, бројот на сметки бил зголемен за 10,4 отсто, а нивниот износ бил зголемен за речиси 23 отсто.