Британскиот HSBC Holdings сака да затвори до 10.000 работни места, бидејќи привремениот главен извршен директор Ноел Квин настојува да ги намали трошоците на оваа банкарска група.
Овој план преставува најамбициозен обид на британскиот наемодавец да ги намали расходите.
Укинувањето на работните места ќе биде фокусирано на високо платените позиции.
ХСБЦ би можела да го најави намалувањето на трошоците и гасењето на работните места подоцна овој месец, кога ќе ги објави резултатите од работењето за третото тромесечје.
Квин станал привремен генерален директор во август оваа година, откако ХСБЦ известил за неочекуваното заминување на дотогашниот шеф Џона Флинт наведувајќи дека на банката и е потребна промена на врвот поради фаќање во тесно „предизвикувачкото глобално опкружување“.
Од ХСБЦ одбиле да дадат коментар по повод пишувањето на медиумите за отпуштањето на до 10,000 вработени.