ХСБЦ отпушта 4.700 работници и меѓу првите што ги отпушти беше извршниот директор. Овој потег беше направен, велат тие, заради „промените во глобалното опкружување“.

HSBC, британската мултинационална корпорација во областа на банкарството и финансиите, отпушта 2% од своите вработени, главно на високи позиции, со цел намалување на платите за 4%.

Компанијата не даде подетални информации во врска со отпуштањето на вработените, а еден од првите што ги напушти беше извршниот директор Џонсон Флинт, кој ја имаше функцијата само 18 месеци, а престанокот на соработката беше постигнат „со договор на одборот на директори“.

Поранешниот директор ќе добие целосна плата за 2019 година, а постои можност да заработи и бонуси. Сè уште не се знае точно колку Флинт ќе заработи, но ХСБЦ наведува дека станува збор за „добар статус на вработен“. Овој статус подразбира дека работникот не ја нарушил дисциплината.

Интересно е што полугодишниот извештај за деловната активност на корпорацијата покажува дека профитот се зголемил за 15,8 проценти на 12,4 милијарди американски долари.

Флинт рече дека сегашниот резултат е показател дека сега е вистинското време да се направи промена во компанијата, и за него лично.

HSBC прави голем дел од својот бизнис во Азија и Велика Британија, каде се случуваат политички и економски промени.

Експертите веруваат дека причините за таквата политика може да се најдат во Brexit, што може сериозно да го наруши пазарот доколку Велика Британија ја напушти ЕУ без договор, а дополнителен проблем се односите меѓу Кина и САД и новите царини што ги планира Доналд Трамп.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк