Во знак на поддршка за унапредување на здравствените установи, Кампинг Љубаништа преку фондацијата ECrowd.mk донираше 10 медицински колички за две болници во Скопје. По 5 колички се распределени на Градска општа болница „8-ми Септември“ и Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, каде што ќе се користат за подобрување на грижата за пациентите.

Според најавите, ова не е единствената хуманитарна иницијатива – во подготовка е уште една донација, за која повеќе информации ќе бидат објавени наскоро.

Донацијата беше реализирана во соработка со MedikaPro, компанија која континуирано поддржува вакви општествено одговорни проекти.