Напролет следната година Владата повторно ќе распише повик за ваучери за инвертeри, по големиот интерес годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Велес.
-Да, апсолутно. Пред да дојдам во Велес имав состанок со министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и бев информиран дека за помалку од два дена се поделени повеќе од 85 отсто од ваучерите. Тоа зборува дека интересот е голем и правиме сè да го завршиме проектот, а во иднина и да ја зголемиме, се разбира, доколку има интерес – рече Мицкоски.
Годинава беа доделени вкупно 6.182 ваучери за инвертери. Пред спортските сали во Скопје и Битола имаше големи редици за преземање на ваучерите. Тие можат да се искористат до 30 ноември.