Пазарната вредност на компанијата, дел од која ја има наследникот на Енцо Ферари, би можела да достигне 1,08 милијарди евра

Италијанскиот производител на јахти Ферети СПА, дел од кој е во сопственост на семејството Ферари, ќе биде вреднуван на 1,08 милијарди евра како дел од претстојната почетна јавна понуда во Милано. Со ова, Италија го консолидира своето место на една од најпрометните замји за јавни котизации оваа година.

Индикативниот опсег на цени е помеѓу 2,50 и 3,70 евра по акција, што одговара на пазарната вредност по зголемувањето на капиталот во опсег помеѓу 727 милиони и 1,08 милијарди евра, според компанијата, цитирана од Блумберг.

Со Ферети управува кинеската SHIG – Weichai Group, која се здобива со 75% од компанијата во 2012 година. Наследникот на Енцо Ферари, основачот на иконскиот италијански производител на автомобили, поседува околу 13% од Ферети што го купува во 2016 година.

Компанијата има шест бродоградилишта во Италија и продава јахти во повеќе од 70 земји, нудејќи ги брендовите Ferretti Yachts, Itama, Wally. Меѓу нив е и Рива – можеби најпопуларната марка Ферети позната по своите славни сопственици на јахти како Елизабет Тејлор, Бриџит Бардо, Шон Конери и Џорџ Клуни.

Приходите во 2018 година изнесуваат 609 милиони евра,

Производителот на јахти Санлоренцо, бутик компанија која произведува само ограничен број бродови годишно, исто така ќе одржи почетна јавна понуда во Милано.

Barclays Bank Plc, BNP Paribas SA, Mediobanca SpA и UBS Investment Bank ќе дејствуваат како заеднички глобални координатори и заеднички вложувачи на Ферети. БНП Парибас ќе дејствува како доверител, а БПЕР Банка Спа ќе биде управувачка банка за време на процесот на јавно наддавање.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк