Како што посочи  Барт Смит, шеф на Дигитални средства од компанијата од „Wall Street” – „Susquehanna International Group”, за „CNBC”. Биткоин останува најдобар избор за инвеститорите, бидејќи криптовалутата „се користи функционално” од луѓето во светот.

Смит вели: „Ако сакате да поседувате средства што реално можете да ги користите денес и луѓето ги користат функционално, тогаш ова е биткоинот”.

Биткоинот е најголемата виртуелна валута по пазарна капитализација на пазарот, на кој постојат уште илјадници криптовалути. Според зборовите на Смит, она што му дава предност на биткоинот кон сите други дигитални средства, е неговата активна употреба од страна на корисниците.

„Во минатата година, кога трговијата со биткоин фјучерси се појави, луѓето се возбудени многу во врска со биткоинот”, додава тој.

„Тие беа возбудени за сите други дигитални средства. Одеднаш сите овие мали криптовалути околу кои луѓето се возбудлија, се надминаа себеси”, вели експертот.

Традиционалните банки го користат  „Western Union”. Ова е бавно и скапо. Исто така, постојат луѓе кои можат да ве спречат да ги испраќате овие пари, без разлика дали се добри или лоши. Со биткоинот можам да испраќам пари. Брзо е. Ефикасно е. И искрено, никој не може да ме запре да го направам”, вели тој.

Во времето на подготовка на материјалот, биткоинот се тргуваше за 6.338 американски долари, според „CoinMarketCap”.

Во јуни, цената на криптовалутата падна под 6.000 долари за прв пат за 8 месеци.

Бикоинот достигна највисока цена на крајот од минатата година кога се тргуваше за речиси 20.000 долари.