По лозарите, овоштарите, оризо-производителите и сточарите, и пелагонските тутунопроизводители го креваат својот глас. Селективно исплатените субвенции и отуството на зелената нафта се само дел од причините заради кои и тие, в сабота се приклучуваат кон протестот на македонските земјоделци кој треба да се одржи пред Владата.
Минатата недела, претставници на шест различни земјоделски здруженија од Тиквешкиот, Велешкиот, Преспанскиот и Источниот регион, од Кавадарци го најавија престојниот, генерален земјоделски протест, условен од долгогодишните многубројни проблеми, наталожени во речиси сите земјоделски гранки.