Читање од дланка отсега не им е привилегија само на гатачите, кои ќе ви ја предвидат иднината, бидејќи компанијата Амазон тестира нешто слично за плаќање во продавници.

Неодамна воведениот систем за биометрија на дланка, наречен Amazon One, започна да се тестира во две продавници во Сиетл и наскоро може да се појави во сите продавници, стадиони, концертни сали, згради и можеби за отклучување стан наместо отпечаток од прст, препознавање на лице или скенирање на очите, пишува порталот Bankar.me.

На начин што го користи Амазон, биометријата со препознавање на крвните садови ќе ги претвори вашите дланки во кредитна картичка, лична карта, билет или друг документ за идентификација.

Од Амазон велат дека биометријата на дланката е многу подобра работа во споредба со другите технологии што се користат денес, бидејќи носи предност во однос на приватноста, па повеќе ќе им се допадне на корисниците, затоа што не делува „полициски“ како на пример системот за препознавање лице.