Компанијата „Икеа“ објави дека ќе инвестира речиси 200 милиони евра за поддршка на своите доставувачи да преминат кон обновливи извори на енергија.
Еден од најголемите производители на мебел во светот исто така планира да вложи околу 100 милиони евра во проект што ќе го отстрани јаглеродниот диоксид од атмосферата преку пошумување и заштита на шумите.
Од таму велат дека новата инвестиција ќе биде дел од планот „Икеа“ да прерасне во климатски позитивна компанија. Ова значи дека целта е да се намали ефектот на стаклена градина до 2030 година, пренесува „Ројтерс“.
Планот ќе опфати речиси 1.000 доставувачи, а „Икеа“ сама произведува приближно 10 проценти од своите производи.
Во септември Групацијата Ингка, која е сопственик на повеќето продавници на „Икеа“, вети дека ќе се обиде да ја исполни својата цел до крајот на 2020 година да произведе повеќе обновлива енергија отколку што троши, па дури и да го стори тоа порано од очекуваното.
Повеќе од 400 компании, меѓу кои „Ejџ енд ем“, „Кока-Кола“ и „Икеа“, се обврзаа на иницијативата поддржана од Обединетите нации – ефектот од глобалното затоплување да се сведе под два Целзиусови степена.