Има нов играч на европската хотелска сцена. Индискиот хотелски ланец Oyo објави дека се шири на европскиот континент со аквизиција вредна 369,5 милиони евра од компанијата за изнајмување и букирање @ Leisure која е лоцирана во Амстердам а е дел од германската медиумска компанија Axel Springer. Компанијата поддржана од Airbnb во моментов работи со поевтини хотели и имоти во 800 градови низ 24 земји, вклучувајќи ги Индија, Кина, САД и Велика Британија. Европскиот пазар за изнајмување на наемнини оваа година ќе изнесува околу 18,6 милијарди долари, според TechCrunch.