Инспекторите од Пазарна инспекција забележале зголемување на цените кај дел од производите во дел од маркетите, откако заврши ограничувањето на цените на производите.
„Јас она што го имам од утрово е дека дел ги немаат зголемено цените, а дел ги имаат. Знам и дека снабдувачите на големо ги преправаат цените кон снабдувачите на мало. Со тоа што се очекува да се покачат цените, но затоа и кажав, повикувам на општествена одговорност од страна на трговците, за цените да ги остават на исто нив“, кажа Горан Трајковски, директор на Пазарна инспекција.
Тој кажа дека уште денеска може да се постапува, но по законите за кој е надлежен Пазарниот инспекторат.