Компанијата Мастеркард соопшти дека после повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, но ќе остане црвениот и жолтиот круг. Со тоа Мастеркарт се придружува на неколкуте брендови како Најк и Епл кои во поголемиот дел од маркетиншкиот материјал се потпираат на слика, а не на име.
Мастеркард, се наведува во соопштението во компанијата, во последните години настојува да се позиционира како „технолошка компанија во индустријата на глобално плаќање“.
Се верува дека 80 отсто од луѓето го препознаваат логото на Мастеркард иако не го содржи името на компанијата. Еден од директорите на маркетиншката компанија Метафорс Ален Адамсон нагласи дека „сликата кажува повеќе од зборовите“.