Според податоците на Државниот завод за статистика индексот на бројот на работниците во индустријата во јануари
2018 година, во однос на јануари 2017 година, изнесува 106.0.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017
година бележи пораст од 0.2%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6.8%, а во секторот Снабдување
со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0.9%.
Според главните индустриски групи бројот на работниците во индустријата во јануари 2018 година, во однос на
јануари 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.2%. Капитални производи
за 18.0%, трајни производи за широка потрошувачка за 3.6% и нетрајни производи за широка потрошувачка за
0.3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.1%.