Мумбаи ( Ројтерс ) – Индиската влада денес изјави дека ќе продолжи да се стреми да изгради силни економски врски со САД и покрај одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на преференцијалниот трговски третман за Индија од 5 јуни.
Во релативно скромниот одговор на соопштението од Вашингтон во петокот, индиската влада соопшти дека е “несреќна” бидејќи нејзините обиди за решавање на значајните барања на САД не биле прифатени.
“Индија, како САД и другите нации, секогаш ќе го поддржуваат својот национален интерес по овие прашања”, се вели во изјавата на владата и индиското Министерство за трговија.
Привилегиите се во рамките на Генерализираниот систем на преференции (ГСП), кој дозволуваше преференцијален увоз на бесцарински стока во износ до 5,6 милијарди американски долари годишно во САД од Јужна Азија. Индија е најголем корисник на програмата ГСП.
Индиската влада соопшти дека Индија го разгледува прашањето како дел од тековните економски односи со САД и “ќе продолжи да ги гради нашите силни врски со САД, како економски, така и интерперсонални”.
Владата во соопштението додаде: “Убедени сме дека двете нации ќе продолжат интензивно да работат заедно за понатамошно развивање на овие врски на взаемно корисен начин”.