Индија планира да го зголеми својот удел на електрични возила на 30% до 2030 година, а во моментов тој сооднос е под 1% од сите автомобили.
Министерството за финансии на Индија го одобри предлогот за даночно олеснување за купување електромобили и полначи како една од мерките за справување со климатските промени, објави Ројтерс.
Данокот на стоки и услуги ќе биде фиксен на 5% (досега е 12% за електрични автомобили и 18% за полначи), рече министерот за финансии, Нирмала Ситраман.
Индија планира да го зголеми уделот на електрични возила во земјата до 30% во 2030 година, а во моментов е помалку од 1% од сите автомобили. Многумина веруваат дека ова во голема мера се должи на недостатокот на инфраструктура за такви видови на транспорт, но даночните олеснувања треба да бидат почеток на позитивен тренд.
Земјата е во првите 3 земји што емитираат најголема количина на емисии во атмосферата.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк