Десетици илјади земјоделци од западната држава во Индија – Махараштра маршираа во главниот град на државата, Мумбаи, денес (четврток), барајќи отпис на кредитите и трансфер на шумските територии на селаните кои работат на нив таму со децении.
Тоа беше последниот протест од страна на земјоделците против државната влада предводена од премиерот Нарендра Моди, кој се соочува со општи избори во мај.
Индиски фармери гласаа со мнозинство за Моди во 2014 година. Но, падот на приходите во руралните средини ризикува да ја елиминира оваа поддршка следната година.
Демонстрантите извикуваа слогани со кои бараа трансфер на земјиштето и компензација за областите погодени од суши како што маршираа низ Мумбаи, дом на многу големи компании и централната банка.
“Со генерации ја обработуваме земјата, но на хартија не ја поседуваме”, рече Ремингхам Павара, кој се приклучи на сличен протест во март кога владата вети дека ќе го реши проблемот со земјиштето.
“Поминаа повеќе од осум месеци откако владата вети дека ќе ги реши нашите проблеми, но ништо не е сторено”, рече Павара, фармер кој обработува површина од два хектари (4,94 акри) на шумско земјиште во западна Индија.
“Официјалните претставници на одделот за шуми сè уште нѐ малтретираат”, додаде тој.
Земјоделците, главно од племенскиот појас во западна Индија, исто така, бараат отпис на кредитите за земјоделски производи и повисоки цени за житото, млекото и други производи од храна.
Лидерите на протестите треба да се сретнат со главниот министер Девендра Фаднавис и другите државни претставници подоцна денес, објави владиниот претставник.
Фаднавис вети дека по протестите во март ќе ги реши сите спорови поврзани со шумското земјиште во рок од шест месеци.
“Ние ќе продолжиме со протести во Мумбаи, додека владата не ни даде писмени гаранции околу намирувањето на нашите проблеми во временски ограничена рамка”, рече водачот на протестот Пратиба Синде.
Махараштра, најпросперитетната држава во Индија, најави бришење на кредити од 300.000 милијарди рупии (4,78 милијарди долари) во јуни 2017 година, но лидерите на протестите изјавија дека тоа не им користи на сите фармери кои имаат потреба.
Мумбајскиот сообраќај во голема мера не беше засегнат бидејќи повеќето канцелариски работници беа на нивните работни места кога земјоделците маршираа низ градот.