Инфлацијата несомнено ја погоди во големи размери глобалната економија и тоа поради падот и слабата монетарна политика, како и нискиот проток на капитал помеѓу земјите, истакна Андреј Белоусов. Во рамки на Меѓународниот економски форум кој се оддржа во Санкт Петербург, тој посочи дека инфлацијата остави неочекуван лош ефект врз глобалната економија.
„Знаеме дека инфлацијата во САД е без преседан и изнесува повеќе од четири проценти. „Бранот на инфлација започнува во Европа и ние забележуваме ниво од два процента каде порано таа вредност беше нула“, истакна Белоусов.
Како што вели тој, овој ефект покажува дека не е слаба само монетарната политика, туку видливи се и структурните промени кои следат по намалувањето на контактот помеѓу луѓето и намалениот проток на стоки, капитал и работна сила надвор од границите на матичните земји.
Инаку за потсетување, Меѓународниот економски форум започна вчера, а ќе заврши денес. За денес, е најавено и учество на пленарната сесија на форумот од страна на рускиот претседател, Владимир Путин.