Потрошувачките цени во САД во јануари порасналe за 0,5 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво потрошувачката инфлација била 3,0 отсто, што е повеќе од 2,9 отсто забележани во декември, соопшти денеска американското Министерство за труд.
Американски медиуми оценуваат дека овие бројки не му одат во прилог на претседателот Доналд Трамп кој во кампањата вети намалување на цените и е под притисок да го реализира ветувањето во првата година од мандатот.
Инфлацијата на месечно ниво изнесувала 0,4 отсто, без да се земат предвид цените на храната и енергенсите, додека аналитичарите предвидуваа 0,3 проценти.
Годишниот основен индекс на инфлација во јануари достигна 3,3 отсто, повеќе од прогнозираните 3,1 отсто.
Инвеститорите не очекуваат Федералните резерви да ги намалат каматните стапки па берзите во САД реагираа со пад на цените на акциите, додека приносите од обврзници пораснаа.