Турскиот министер за финансии неодамна изјави дека падот на инфлацијата ќе започне во јуни
До крајот на 2024 година се очекува инфлацијата во Турција да достигне 43,52 отсто, покажува истражувањето на Централната банка на Турција, пренесоа турските медиуми, цитирани од БТА.
Еден месец претходно, прогнозата за овој показател беше 43,64 отсто. На крајот на мај инфлацијата во Турција, според официјалните податоци, достигна 75,4 отсто.
Турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек неодамна изјави дека падот на инфлацијата ќе започне во јуни и на крајот на годината инфлацијата ќе биде 38 проценти. Според прогнозите на пазарните учесници во истражувањето на Централната банка, главната каматна стапка на турската централна банка на крајот на годината ќе биде 50,77 отсто.
Од март турската централна банка ја задржа основната каматна стапка непроменета на 50 отсто. Во јуни минатата година, првпат по повеќе од две години го зголеми, од 8,5 проценти на 15 проценти и оттогаш редовно го зголемува.