Инфлацијата во еврозоната се зголеми на 0,4 проценти во јануари, за разлика од 0,2 проценти во декември, покажуваат официјалните податоци, тоа покажува дека напорите на Европската централна банка за зајакнување на економијата конечно носат резултати.
Аналитичарите изнесуваат дека бројките се во согласност со очекувањата, но тие се уште се далеку од целното ниво на ЕЦБ од 2 проценти.
Howard Archer од IHS Global Insight наведува дека извештајот е “скромен чекор во вистинска насока за ЕЦБ”, но во голема мера одржува побавно темпо по падот на цените на нафтата и ЕЦБ можеби ќе треба да направи повеќе за враќање на економијата на вистинскиот пат.
Од Евростат наведуваат дека стапката на инфлација без нестабилните цени на енергијата и трошоците за храна се зголеми за 1,0 проценти во јануари во однос на 0,9 проценти во декември.
Поединечно, цената на енергијата падна за 5,3 проценти во јануари, што е остар пад но помалку од 5,8 проценти забележани во декември.
Претседателот на ЕЦБ Mario Draghi минатата недела изјави дека банката можеби ќе треба да ја прошири програмата, иако веќе вбризгува стотици милијарди евра во економијата и ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво.