Годишната инфлација во Венецуела изнесува 13.799 проценти во април оваа година, се посочува во извештајот на венецуелскиот Парламент, единствена институција, која е под контрола на опозицијата.
Во извештајот на парламентарната Комисија за финансии се истакнува дека цените во април се зголемиле за 80,1 проценти, а зголемувањето во првите четири месеци од годината е за 897,2 отсто.
– Ние сме земја со највисока инфлација во светот. Една нова фискална политика и прмени треба да стапат во сила за да се стабилизира валутата, изјави претседателот на парламентарната комисија, Рафаел Гусман.
Според предвидувањата на Меѓународниот монетарен фонд инфлацијата во Венецуела годинава ќе изнесува 13.8000 проценти.