Телото за управување со ИПАРД при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, својот ИПАРД инфо караван за Мерка 3, деновиве го праќа во Битола и Градско.

Средбата со граѓаните, претпријатијата (микро, мали и средни) и  заинтересираните задруги, во Битола ќе се одржи во четврток (23.01.2020) со почеток во 11:00 часот во Салата за совет при општината на градот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство очекува голем одзив на индустриите, особено оние од мелничкиот сектор.

Наредниот ден (24.01.2020), за мерка 3 ќе слушаат винариите и сите заинтересирани во Градско и околината. Средбата е закажана во 11:00 часот во Винарија Стоби.

Мерка 3 од ИПАРД Програмата 2014-2020, овозможува инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи. Прифатливи инвестиции со оваа мерка се: изградба и реконструкција на згради и друг недвижен имот, купување на нови машини и опрема/инструменти, специјални транспортни резервоари и приколки и воспоставување на инфраструктура на на имотот на претпријатието.

Информациите околу деталите, потребните документи и јавните повици, сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и тоа http://ipard.gov.mkhttp://mzsv.gov.mk/http://agencija.gov.mk/ http://www.ipardpa.gov.mk, или да се јават во Сектор ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.