Охрид ќе биде меѓу градовите каде ќе се одржи инфо сесија во врска со предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација” на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).
Микро, мало или претпријатие од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор, преку повикот ќе има можност да воведете дигитални решенија со кои ќе воведе дигитална трансформација во работењето.
Инфо сесијата во Охрид ќе се одржи утре во просториите на Касарна Хаб, од 11:00 часот.
Целта на овој предизвик е зголемување на иновативноста, конкурентноста и продуктивноста на малите и средни претпријатија во земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење. Воедно, предизвикот има за цел да овозможи зајакнување на капацитетите на дигиталните иновациски хабови како дел од екосистемот неопходен за понатамошна дигитална трансформација.
– Преку поддршката за дигитална трансформација во рамките на овој предзвик, претпријатијата од земјоделско-прехранбениот и туристичкиот сектор како натпреварувачи ќе можат да ги дигитализираат процесите и услугите со што ќе обезбедат подобро планирање, донесување на бизнис одлуки на основ на анализа на податоци и подобрување на целокупното работење; да го овозможат или забрзаат воведувањето на иновативни производи, услуги и процеси; да го оптимизираат производниот процес и со тоа да ја зголемат економијата на обем; да ги намалат трошоците за производство и со тоа да креираат поконкурентна цена; да го унапредат откупот на суровини и со тоа да влијаат на синџирот на добавувачи; да создадат услови и можности за креирање нови работни места, велат организаторите.