Бранимир Јовановиќ кој беше советник во Министерството за финансии вчера преку Фејсбук соопшти дека се повлекува од функцијата. Тој вели дека одлуката ја донел пред некое време, но чекал првин да поминат изборите.

Имаше сѐ во овие две години, но сепак си заминувам со позитивни впечатоци. Бевме одличен тим и функциониравме навистина добро. Направивме доста работи, од кои најважна за мене е даночната реформа. Ги подобривме буџетските приходи, го намаливме дефицитот, го стабилизиравме јавниот долг. Кратко кажано – ги средивме државните финансии – напиша Јовановиќ на Фејсбук.

И тоа е тоа, драги гледачи. Се е срочено во две-три сувопарни реченици. Овој советник ги средил државните финансии и сега си оди. Се разбира дека не оди никаде туку продолжува да мудрува на државни јасли, но не му земаме за зло – така се однесуваат сите тука советници, министри и останати трутови.

Мене пак, ме интересира што тоа поточно средил овој господин за овие 2 години?

Додека неговиот шеф , заедно со неговиот шеф – одат по белиот свет – моментално во БиХ да се измољанкаат за некакви си 20-30 милиони евра за да ни ги гради Западот патовите, ние не видовме никаква реформа. Не барем значајна за македонската сиромаштија.

Имено, олкав износ колкав што го добиваме од разноразни белосветски организации со многу задни намери, па овој износ ние го позајмуваме катадневно за покривање на платите и ратите кои упорно се таложат за да се ухлебуваат јавните трутови кои главен допринос за нашата економија им е гласањето на избори и лепењето плакати и полнењето на автобуси соодветно.

Тука не видовме никаква реформа од „советников“ – никој не е отпуштен од јавен сектор, а истиот продолжува да се полни со неухлебени трутови – нови трутови кои беа претходно на 11 годишен пост.

Додуша имаше мала реформа и се удри таму каде што не треба. Се зголемија персоналниот и другите даноци на папсаниот македонски бизнис и граѓанин. Но од друга страна – немаше зголемување на корпоративниот данок за големите мрсни странски бизниси. Тие сеуште оперираат како бубрег во лој под закрила на нашите самопоробувачки закони, а лојот се разбира го обезбедува македонскиот граѓанин кој безмалку е сведен на роб во својата куќа.

Каква е оваа левичарска опција која е во корист на странскиот крупен капитал – стварно не знам. Ова нема допирна точка со лева опција.

На луѓето не им е ништо подобро…  Минималецот се крева со административни акти, но исто така се креваат и куферите за бегање по Германија.

Уплашени, да не се замерат со големите господари од корпоративниот свет – кои за благодарност го репатрираат профитот редовно во домицилните земји, овие наши трутови без никаква идеологија и агенда продолжуваат со флоскули за економија, а моментално ја сведуваат на нула.

Сепак , мене пак најсмешно ми е што може еден советник вака раце да измие: Готово, сите реформи ги направивме и јас го напуштам бродов. Дали поради вода или поради метла се напушта бродот не знаеме, но ете напорно му било – па сакал да биде со фамилијата, што е ОК, но наместо опсежен извештај за сработеното – овој советник во две реченици си изми раце и уста и замина од бродот кој тоне уште пред да заигра и метлата.

Во ред „ професоре“ – Фала ти за Ништо !

 

 

Наум Димитровски