Јавна расправа за студијата за оцена на влијанието врз животната средина во врска со проектот Инсталирање постројка за производство на електрична енергија во „Еуроникел индустри“, ќе се одржи идната среда во Кавадарци, согласно Законот за животна средина.

Како што информираат денеска од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, студијата е достапна на веб страницата на Министерството за животна средина на https://www.moepp.gov.mk/сервиси/test-2/студии-за-оценка-на-влијание-врз-живот.

Јавната расправа и презентација ќе се одржи во среда во 11 часот во големата сала во просториите на општината Кавадарци.