Во согласност со пазарните услови и потребата за понуда на иновативни, технолошки напредни банкарски производи и услуги, ТТК Банка АД Скопје понуди кредитен производ Инстант кредит, со целосно автоматизиран процес на анализа и проверка на критериуми за одобрување на кредитот.

 

Во моментов, производот е достапен за корисниците на електронското банкарство на ТТК Банка АД Скопје кои, едноставно, брзо и без чекање во редови, имаат можност да обезбедат дополнителни средства до 60.000 денари, со рок на отплата до 12 месеци, со фиксна каматна стапка од 5,9% годишно, без трошоци за аплицирање и администрирање, без меница и без административна забрана.

 

Инстант кредитот во целост ја поедноставува и ја зголемува ефикасноста на постапката за одобрување кредит којашто се одвива во неколку фази: онлајн aплицирање за кредитот преку услугата – електронско банкарство, автоматизирана системска проверка и одобрување на кредитот; електронско известување за одобрување на кредитот преку СМС порака и е-пошта; потпишување на договорот и исплата во најблиската експозитура.

 

Во изминатите неколку години ТТК Банка АД Скопје интензивно ги развива услугите и производите достапни преку електронското и мобилното банкарство коишто промовираат ново и подобрено корисничко искуство без временски и просторни ограничувања. Корисниците на ТТК Банка АД Скопје имаат можност да вршат моментален увид во состојбата на сметките, да вршат плаќања за пократко време и со пониски трошоци како и да орочуваат средства без доаѓање во банка. Корисниците ја препознаваат предноста и практичноста и на електронските сервиси за информирање (СМС и е-пошта) – сервис што овозможува најбрзо информирање преку СМС или на е-пошта за секоја промена и извршена трансакција што пак придонесува за поголема сигурност, безбедност и заштита при реализацијата на трансакции и истовремено до поголемо задоволство.

 

ТТК Банка АД Скопје е проактивна банка којашто е насочена кон зголемување на задоволството на корисниците од понудените производи, од квалитетот и брзината на услугата што можат да ја добијат.

За повеќе информации можете да погледнете на следниот линк : ТТК Банка